10.9 C
Sofia
Thursday, October 28, 2021
Home Events Al Di Meola – 25 ноември 2017 – Скопје, MK

Al Di Meola – 25 ноември 2017 – Скопје, MK

ВЕЧЕР НА ВИСТИНСКО УЖИВАЊЕ:
АЛ ДИ МЕОЛА ГИ СВИРИ БИТЛСИ ВО МОБ!

Почитувани пријатели,
Огромно задоволство ни е да ви го најавиме следниот проект за оваа година- еден од најголемите светски и најнаградувани гитаристи на сите времиња, после пауза од речиси 10 години повторно се враќа во Скопје, со два ексклузивни концерта во една вечер (од 20 и од 22 часот), на 25ти ноември во Македонската Опера и Балет.
Ал Ди Меола ќе настапи со многу специфична програма, со музика на Битлси, Пјацола, како и негови авторски песни.
Пошироката светска јавност го запозна Ал Ди Меола вo 1970-те години, како гитарист во џез-фјужн составот „Return to forever“, во кој членуваат клавијатуристот Чик Кореа, басистот Стенли Кларк и тапанарот Лени Вајт. За тоа време, додека тој е член во „Return to Forever“, составот објави три албуми. Но, кон крајот на 1970-те години, музичарот одлучува да прави соло кариера и до денес има објавено 24 албуми, освоено многу значајни награди и продадени над 10 милиони копии од своите изданија.
Освен со Кларк и Кореа, Ал Ди Меола е познат и по соработката со колегите Пако Де Лусија и Џон Меклафлин, кои во јавноста беа познати под името „гитарско супер трио“.
Долгата листа на соработници на Ал Ди Меола вклучува имиња како Пол Сајмон, Фил Колинс, Лучано Павароти, Карлос Сантана, Џими Пејџ, Френк Запа и многу други.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 9-ти октомври (понеделник), по цени од 1.500 и од 2.000 денари.

Бидејќи се работи за навистина ексклузивни концерти со мал капацитет, ви препорачуваме да си ги набавите вашите билети навреме.

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

The event is finished.

Date

25 Nov 2017
Expired!

Time

20:00 - 22:00

More Info

Read More

Location

Makedonska Opera i Balet - Macedonian Opera and Ballet
Macedonian Opera & Ballet, бул. Гоце Делчев, Skopje, North Macedonia
Category
Avalon Produkcija

Organizer

Avalon Produkcija
Phone
+389 2 613 9933
Email
info@avalon.mk
Website
http://www.avalon.mk/
Read More

Weather

Sunny
Sunny
13 °C
Wind: 0 KPH
Humidity: 54 %
Feels like: 13 °C
QR Code
error: Alert: Content is protected !!

Този сайт използва cookies ("бисквитки"), необходими за правилното му функциониране Повече информация

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close