9.6 C
Sofia
Tuesday, October 19, 2021
Home Events Dead Can Dance – 23 & 24 May 2022 – Македонска Филхармонија, Skopje (МК)

Dead Can Dance – 23 & 24 May 2022 – Македонска Филхармонија, Skopje (МК)

Dead Can Dance конечно пристигнуваат во Скопје! Македонската публика за прв пат ќе има прилика да ужива во безвременскиот и магичен звук на култниот и единствен светски музички феномен Dead Can Dance кој во рамки на Таксират Фестивал ќе одржи два концерта, на 23 и 24 мај во Македонска Филхармонија.
Лиза Џерард, еден од најубавите светски вокали и музичкиот гениј Брендан Пери, веќе 4 децении на музичките вљубеници им го пренесуваат својот длабок уметнички интегритет. Tворејќи музика која уште од оформувањето во 1981 година во Мелбурн, успешно се оттргнува од прангите на жанровите, просторот или времето, тие се потпишуваат зад неверојатно инспиративен опус. Зад себе имаат осум студиски и три албуми во живо, и многу успешни светски турнеи. Славни се и како композитори на музика за бројни филмови, меѓу кои најпозната е музиката за „Гладијатор“ на Ридли Скот. Лиза Џерард и Брендан Пери имаа и прекин во заедничкото работење, во кој период тие успешно ги градеа соло кариерите, а шест години по албумот „Anastasis“, повторно се вратија на заедничкото творење во 2018 година со албумот „Dionysus“.
Билетите со цени 1500 и 2000 денари ќе бидат достапни од среда, 22 септември 2021 на www.mktickets.mk

Билетите за концертите на Dead Can Dance • Skopje • Taksirat #24 се пуштени ВО ПРОДАЖБА

Следната пролет, на 23 и 24 мај, безвременските и магични Dead Can Dance гостуваат за прв пат кај нас, со два концерта во Македонска Филхармонија.

Побрзајте, билетите се во многу ограничен број и достапни САМО ОНЛАЈН на: https://mktickets.mk/event/dcd/

  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date

23 May 2022

Time

21:30 - 23:55

More Info

Tickets
Category
Tickets

Next Event

QR Code
error: Alert: Content is protected !!

Този сайт използва cookies ("бисквитки"), необходими за правилното му функциониране Повече информация

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close