Loading Events

« All Events

Hooverphonic – 29 & 30 март 2019 – Makedonska Filharmonija, Skopje

29 March @ 21:00 - 30 March @ 23:00

РАСПРОДАДЕН И ВТОРИОТ КОНЦЕРТ НА HOOVERPHONIC ВО СКОПЈЕ- ВО МОМЕНТОВ НЕМА МОЖНОСТ ЗА ТРЕТ ДАТУМ!

Ве информираме дека и вториот концерт на Hooverphonic во Скопје, закажан за 30-ти март во салата на Македонската филхармонија, се распродаде денеска за рекордно брзо време!

Во моментов можност за трет концерт- нема да има!

==

Влезниците за концертот на HOOVERPHONIC на 30 Март се пуштени во продажба, и истите можете да ги набавите преку продажните места на Авалон, Југотон и онлајн на avalon.mk

==

На Ваше барање, одиме со втор концерт во Скопје- 30.03.2019, Македонска филхармонија!
Продажбата на карти почнува утре во 09 часот преку продажната мрежа на Авалон и онлајн на avalon.mk. Набавете си навреме билети!

==

HOOVERPHONIC- 29.03.2019, МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА- РАСПРОДАДЕНО!

Драги пријатели,
Ве информираме дека денес од 15.30 часот, нема повеќе влезници за концертот на HOOVERPHONIC во Македонска филхармонија, кој е закажан за 29-ти март.

Неверојатно делува фактот дека влезниците се распродадоа за неколку часа, и тоа во платежно најтешкиот месец во годината, месец јануари, што е уште еден доказ и стимул дека за Вас вреди да се работи.

Бидете живи и здрави!
Одиме понатаму, заедно!

==

ЕКСКЛУЗИВЕН КОНЦЕРТ НА ИЗВОНРЕДНИТЕ HOOVERPHONIC ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА!
ДАТА: 29 & 30.03.2019 година

Драги пријатели,
Ако во животот постојат концерти што се прават од љубов, тогаш тоа е следниот наш концертен проект за оваа година кој со задоволство сакаме да ви го најавиме.

Станува збор за концертот на извонредниот трип хоп бенд HOOVERPHONIC кој ќе се одржи во Скопје, во рамки на својата балканска турнеја, која е исто така ќе биде во организација на Авалон Продукција, и тоа во Загреб, Белград и во Софија.

Скопскиот концерт е закажан за 29-ти март во салата на Македонската филхармонија, која е најадекватна за музиката на овој бенд.

HOOVERPHONIC e белгиски бенд основан во 1995 година кој има позади себе осум студиски албуми, како и неколку компилациски изданија. Кон средината на ноември минатата година, бендот го објави албумот „Looking for stars“ кој содржи единаесет нумери на кои бендот експериментира со повеќе музички жанрови, но сепак останува верен на трип хопот чија основа преовладува во целиот носач на звук, а исто така наиде и на одлични критики кај музичките рецензенти.

Публиката во Скопје ќе има ексклузивна можност за прв пат во живо да ги чуе некои од најголемите хитови кои ја одбележаа кариерата на еден од најголемите трип-хоп бендови на сите времиња како што се легендарната „Mad about you“, „2 Wicky“, „Eden“, „Winegar and salt“ и уште многу други.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (16.01), а сите информации околу цените на билетите ќе бидат објавени утревечер на ова исто место.

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

Details

Start:
29 March @ 21:00
End:
30 March @ 23:00
Event Category:
Event Tags:
,
Website:
https://www.facebook.com/events/2462610657114556/

Venue

Makedonska Filharmonija
Kej Dimitar Vlahov
Skopje, 1000 Macedonia

Organizer

Avalon Produkcija