19 April 2024
9.8 C
Sofia
More
    Home Events - RockTheNight.eu Texas – 28 септември 2018 – SRC Kale, Skopje, MK

    Texas – 28 септември 2018 – SRC Kale, Skopje, MK

    САБОТНИОТ НАСТАП НА TEXAS ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ НА SHARLEEN SPITERI, ПРЕЗАКАЖАН ЗА 28 СЕПТЕМВРИ!

    Со жалење ве информираме дека приморани сме настапот на групата TEXAS којшто требаше да се одржи во рамки на фестивалот SKOPJE CALLING во сабота на 23 јуни, заедно со Дарко Рундек, да го презакажеме за 28-ми септември, во СРЦ Кале.

    Имено, уште пред 15 дена пејачката Sharleen Spiteri доживеа тешка повреда, која во изминатиов период се обидоа да и` ја санираат. Во текот на вечерта, сооопштение за ова ќе има и на официјалната страница на бендот.

    https://www.facebook.com/texastheband/

    Поради фактот што таа има забрана на летање со авион и забрана за движење воопшто, во наредниве десет дена, бендот ги откажа настапите во Софија, Крагујевац и во Скопје, но во изминативе 48 часа, нон стоп работевме и задоволство ни е да ве информираме дека добивме нови датуми и дека TEXAS дефинитивно сепак ќе настапуваат во Скопје, на 28-ми септември во СРЦ Кале.

    Добрата вест во оваа лоша вест е што саботниот настап беше фестивалски во времетраење од 75 мин, а настапот во СРЦ Кале ќе биде целовечерно шоу во времетраење од 120 минути.

    Во продолжение следат техничките детали поврзани со и околу влезниците за саботниот настан на како и за целиот фестивал SKOPJE CALLING.

    СИТЕ ШТО ДОСЕГА ИМААТ КУПЕНО ВЛЕЗНИЦИ:
    1. Со купените влезници за 23.06 ќе може да го гледаат Дарко Рундек и повторно со истите влезници да ги гледаат Texas на 28-ми септеври во СРЦ Кале.
    2. Купените блок влезници за сите четири дена ќе важат и за Дарко Рундек и за настапот на Тexas во септ во СРЦ Кале. Тие што ќе дојдат со блок карта, на излез ќе добијат влезница за концертот на TEXAS на 28-ми септември.
    3. Оние што сакаат да го гледаат САМО Дарко Рундек, а се` уште немаат купено влезници за неговиот настап, од утре ќе можат да купат влезници само за Рундек по цена од 600 денари ПАРТЕР и 900 денари ФАН ПИТ.
    4. Сите што имаат купено влезници за Тexas за 23-ти јуни, а не сакаат да ги гледаат во септември и не сакаат да го гледаат сега Дарко Рундек, ќе можат да ги вратат влезниците на оние продажни места од кај што ги имаат купено.

    Драги пријатели, се разбира на членовите на ТEXAS, како и на нас ни е многу жал за настанатата ситуација, ама едноставно вакви работи се случуваат.

    Интересно е што за прв пат во 25 годишната работа на Авалон Продукција имаме ситуација да од здравствени причини, одреден артист да го откаже настапот на нецела недела пред негово одржување.

    Очигледно е дека во бизнисот како и во животот за се` има прв пат. Сепак, преовладува задоволство што успеавме да добиеме нов термин и што ќе ги имаме ТEXAS во Скопје дури и во подобра варијанта со целовечерно шоу, само нецели 2 ипол месеци отсега.

    Одиме понатаму,
    Авалон Продукција

    ===

    TEXAS- НОВИ ХЕДЛАЈНЕРИ НА SKOPJE CALLING 2018!

    Драги пријaтели,
    Големо задоволство ни е да ви најавиме дека после долги години обидување, конечно една од најголемите британски поп рок атракции на сите времиња TEXAS за прв пат доаѓа на Балканот!

    Тие ќе бидат хедлајнери во сабота на 23 јуни, на вториот фестивалски викенд на SKOPJE CALLING 2018 година.
    TEXAS до 2018 година имаат продадено албуми во 40 милионски тираж, потоа, неверојатни 13 синглови кои се најдоа во престижната UK топ 10 листа, 3 албуми кои се најдоа на врвот на UK листата и 8 албуми на UK top 10, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година.

    Се разбира дека пејачката Sharleen Spiteri ги носи во Скопје сите свои хитови: „Say What You Want“, „Inner Smile“, „I Don`t Want A Lover“, „Summer Sun“, „In Demand“ и уште многу други хитови и очекуваме навистина едно извонредно шоу за сите генерации.

    Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 06-ти март, во 21 часот.

    Одиме понатаму,
    Авалон Продукција

    The event is finished.

    Date

    28 Sep 2018
    Expired!

    Time

    21:00 - 23:55
    Category

    Organizer

    Avalon Produkcija
    Avalon Produkcija
    Phone
    +389 2 613 9933
    Email
    info@avalon.mk
    Website
    http://www.avalon.mk/

    Next Event

    QR Code