Bryan Adams – 13 ноември 2019 – VIP Arena, Skopje (MK)
Драги пријатели,
Неверојатно задоволство ни е да Ви го најавиме нашиот финален светски проект за оваа историска концертна година во Македонија, која во моментов е вистинска европска концертна велесила.
После Lenny Kravitz, Sting и Eros Ramazzotti, во Скопје доаѓа еден од најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови и истовремено големи песни- Bryan Adams!
На 13-ти ноември (денот кога градот секако слави) во Скопје за прв пат во живо ќе се слушнат “Summer of 69“, “Heaven“, “Please Forgive me“, “Everything I do (I do for you)“, “Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.
BRYAN ADAMS доаѓа во Скопје во рамки на големата светска “Shine a light” турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.
Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер во 21 часот, а истите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10-ти јуни во 9 часот наутро.
Bryan Adams во живо со неговиот бенд е нешто што мора да го доживеете!
Одиме понатаму,
Авалон Продукција
Weather

