10.3 C
Sofia
Monday, October 18, 2021
Home Events Ohrid Calling: Armin van Buuren – 4 август 2018 – Biljanini Izvori, Ohrid, MK

Ohrid Calling: Armin van Buuren – 4 август 2018 – Biljanini Izvori, Ohrid, MK

Еден од најдобрите и најголеми диџеи на светот на сите времиња, Armin van Buuren ќе биде вториот хедлајнер на навистина неверојатно атрактивното издание на Ohrid Calling 2018 година!
Како што веќе најавивме, првите хедлајнери на Ohrid Calling 2018 се Dimitri Vegas & Like Mike кои ќе настапат на 01-ви август, ноќ спроти Илинден, на стадионот „Билјанини извори“, додека Аrmin van Buuren како втор хедлајнер, ќе настапи во сабота, на 04-ти август, на истото место.
Човекот кој четири години по ред беше прогласуван за најдобар диџеј според списанието DJ Mag, се има закитено со многу признанија и награди. Неговите албуми се продаваат во огромни тиражи, а дел од неговите траки стануваат огромни радио хитови.
Радио-шоуто „State of trance“, чиј водител е токму тој, е најслушано радио-шоу во областа на електронската музика, што е уште една потврда за квалитетот на овој Холанѓанец.
Настапите на Armin van Buuren секогаш се енергични и полни со одлични нумери, но и со изненадувања. Сигурни сме дека и неговиот настап во Охрид ќе биде забележан како еден од низата феноменални настапи на Аrmin van Buuren, кој ќе привлече бројни фанови од Европа.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (27.12) преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, и тоа по следниве цени:

Партер 2 – 1000 денари
Партер 1 – 1.500 денари
Фан пит – 2.000 денари

Од истиот ден во продажба ќе бидат пуштени и блок влзеници за ова шоу и она на Dimitri Vegas & Like Mike, по цени од:

Партер 2 – 1.600 денари
Партер 1 – 2.100 денари
Фан пит – 3.000 денари

Важно: Axwell & Ingrosso, Dimitri Vegas & Like Mike, Armin van Buuren… делува неверојатно, но е вистинито. И тоа не е се`! Одиме понатаму, останете вклучени!

Авалон Продукција

The event is finished.

Date

04 Aug 2018
Expired!

Time

21:00 - 04:00

More Info

Read More

Location

Biljanini Izvori
Билјанини Извори, Ohrid, North Macedonia
Category
Avalon Produkcija

Organizer

Avalon Produkcija
Phone
+389 2 613 9933
Email
info@avalon.mk
Website
http://www.avalon.mk/
Read More

Weather

Overcast
Overcast
8 °C
Wind: 6 KPH
Humidity: 87 %
Feels like: 7 °C
QR Code
error: Alert: Content is protected !!

Този сайт използва cookies ("бисквитки"), необходими за правилното му функциониране Повече информация

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close