16 C
Sofia
Thursday, July 7, 2022
Home Events (CANCELLED) Whitesnake – 12 July 2022 – ARM Stadion, Skopje (MK)

(CANCELLED) Whitesnake – 12 July 2022 – ARM Stadion, Skopje (MK)

WHITESNAKE ОД ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ ГИ ОТКАЖАA СИТЕ ПРЕОСТАНАТИ КОНЦЕРТИ ВО ЕВРОПА.

ЦЕЛОСЕН ПОВРАТ НА СРЕДСТВАТА ЗА ВЛЕЗНИЦИ ОД 12ТИ ЈУЛИ.

Како што сте веќе информирани преку социјалните медиуми на Whitesnake и David Coverdale, поради здравствени причини на Coverdale, покрај претходно откажаните четири концерта, бендот го откажа и остатокот oд европската турнеја во кој од седум концерта, три требаше да бидат во организација на Авалон Продукција; Скопје, Белград и Сарајево.

За сега, немаме информација дали концертите ќе имаaт нов термин и поради тоа ќе вршиме целосна рефундација на средствата.

Повеќе информации и детали за процесот на рефундација ќе бидат објавени наскоро на нашите социјални мрежи.

Ви се извинуваме и ви благодариме на поддршката во овие тешки моменти во кои сме апсолутно беспомошни и сме едноставно жртви на виша сила, во овој случај – здравјето на David Coverdale.

——————————————————————–

DUE TO HEALTH ISSUES, WHITESNAKE HAS CANCELED THE REST OF THE EUROPEAN FAREWELL TOUR.

ТHE PROCESS OF REIMBURSEMENT WILL BEGIN ON 12 JULY.

Due to health issues of David Coverdale, Whitesnake has canceled the remaining 7 shows of the European tour in which 3 were supposed to be in the organization of Avalon Production; Skopje, Belgrade and Sarajevo.

Unfortunately, we do not have information whether the 3 shows will be rescheduled, which is why we will be fully refunding all purchased tickets.

Everyone that has purchased tickets for the show in Sarajevo will be able to get a refund in the sales network of kupikartu.ba starting 12 Јuly.

Everyone that has purchased tickets for the show in Belgrade will be able to get a refund in the sales network of Ticket Vision and Gigstix starting 12 july.

More detailed information regarding the refund of the tickets purchased for the show in Skopje will be announced soon on our social media platforms.

We would like to thank you for your support in this crisis, having that we have been left completely helpless and are victims of force majeure – in this case, the health of Coverdale.

===
Крај без Македонија- НЕ МОЖЕ!
ЛЕГЕНДАРНИТЕ WHITESNAKE СО FAREWELL TOUR, ВО СКОПЈЕ!
12-ти јули, Стадион на АРМ!
Драги пријатели,
Големо е задоволството да ве информираме дека успеавме на WHITESNAKE Farewell tour да го вклучиме и Скопје, со голем и последен концерт кој ќе се случи на 12-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ, со почеток од 21 часот.
Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот David Coverdale одлучи во 2022 година да стави крај на WHITESNAKE. Впрочем, тоа е одлука само на најголемите, а крај без Скопје и Македонија, едноставно не е возможен.
Харизматичниот рокер, кој воедно е еден од најдобрите рокенрол пејачи на светот на сите времиња- Coverdale, заедно со Whitesnake, пред македонската публика ќе ги изведат најголемите хитови со кои израснаа многу генерации.
„Here I go again“, „Is this love“, „Fool for your loving“, „Still of the night“, „Love ain’t no stranger“, „Give me all your love“, „Ain’t no love in the heart of the city“ и уште многу други, се само дел од големите хитови на легендарните WHITESNAKE што ќе прозвучат на стадионот на АРМ, а за кои се имаме уверено дека македонската публика ги пеела и ќе ги пее во еден глас.
“Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на Whitesnake, кое речиси 50
години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување и на кое ме поддржуваа во истото. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам… речиси пет декадентни и вкусни децении. Ви благодарам!”- рече Coverdale по повод прошталната турнеја.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 24-ти ноември во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:
ПАРТЕР: 1.500 денари
ФАН ПИТ: 2.000 денари
Големите одат со стил, а концертот на WHITESNAKE е нешто што не смеете да го пропуштите во Скопје- за последен пат!
Одиме понатаму,
Авалон Продукција
  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date

12 Jul 2022

Time

19:00 - 23:55

More Info

Tickets

Labels

Cancelled

Location

ARM stadion, Skopje (MK)
Stadium ARM, Skopje, North Macedonia
Category
Avalon Produkcija

Organizer

Avalon Produkcija
Phone
+389 2 613 9933
Email
info@avalon.mk
Website
http://www.avalon.mk/
Tickets

Next Event

Weather

Clear
Clear
17 °C
Wind: 8 KPH
Humidity: 50 %
Feels like: 17 °C
QR Code
error: Alert: Content is protected !!